Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Битола синоќа во амфитеатар на Тумбе Кафе го организира настанот, насловен како “Изгреј зора на слободата“, во пресрет на Денот на независноста на Република Македонија.
Пред голем број на членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола и членови на партијата зборуваше претседателот, Марко Јосифовски, кој рече дека со сесрдна почит го одбележуваат значењето на истрајната борба на нашиот народ која кулминира во основањето на нашата Република Македонија, на 8. Септември 2001 година.
-И преку овај настан се надеваме дека целосно ќе го претставиме духот на независноста и ќе оддадеме вистинска почит кон идејата од која произлегуваме, рече Јосифовски.
На настанот “Изгреј зора на слободата“ на кој беа интонирани, “Денес над Македонија се раѓа“ и “Изгреј зора на слободата“, зборуваше и претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржаловски.
За историјата на МРО и вековната борба за слобода и сопствена држава на македонскиот народ зборуваше историчарот Ѓорѓи Чекутков.
На настанот присуствуваше и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМЕ – Иванчо Тошевски и членот на Извршниот комитет – Силвана Ангелевска, а беше збогатен и со сплет на ајдучки ора.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа Денот на независноста со “Изгреј зора на слободата“(фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ФК Конзули Ветерани од Битола со меѓународен турнир и доделување признанија одбележа 10 години постоење (фотогалерија)
- Пелистер од Битола со одлична игра до триумф во Гевгелија
- Вредна победа на Пелистер во Битола и три важни бода во борбата за опстанок (фотогалерија)
- ДПД “Архангел“ од Битола на меѓународен против пожарен настан во Хрватска (фото)
- “Портал“ – култна приказна што трае 15 години, од кафуле до симбол на Битола (фотогалерија)





