Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, претставници од советниците од Советот на Општина, претставници на политичките партии, членови на семејството на народниот херој Стеван Наумов Стив и ученици од ОУ “Д-р Трифун Пановски“, денес положија цвеќе пред споменикот на Стеван Наумов Стив.
Претседателот на Сојузот на борци, Александар Трајковски, низ својот говор потсети на исторското значење на Стив Наумов, како и загинувањето на Стив Наумов заедно со неговиот соборец Мите Богоевски на 12 септември 1942 година.
Одбележувањето на 12 септември е дел од Програмата за одбележување на позначајни историски и културни настани за 2018 година во Општината Битола.

Одбележани 76 години од загинувањето на Стив Наумов
More from ВестиMore posts in Вести »
- “КОД 369“ и Јован Милошевски на вториот ден на 18. Фестивал на музика на светот во Битола (фотогалерија)
- Битолски матуранти на кариерно советување во “КС Групација“
- Хуманоста не познава граници: вредна донација на компјутери за ДУД „Мирка Гинова“ – Битола од “DMK LIMITED“ од Чикаго, САД
- Билетите за напреварот против Охрид се во продажба
- Дрвокрадци го оштетија собирниот канал, “Стрежево“ – Битола ја санира штетата





