Вчера попладне во полициската станица во Прилеп било пријавено дека на патот кај село Беловодица, Прилепско, гори непознато лице.
Веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле полициски службеници кои пронашле изгорено тело, а по утврдувањето на идентитетот, неофицијално е дека се работи за 36 годишен битолчанец со иницијали А.Б.
На телото на убиениот биле пронајдени четири прострелни рани.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.






