Press "Enter" to skip to content

Онколози од четири земји од ЕУ во посета на Болницата во Битола

Преставници од Европската Унија врвни онколози од Полска, Хрватска, Словенија и Австрија и преставник од Министетството за здравство, денес ја посетија Клиничка Болница  “Д-р Трифун Пановски во Битола.

Домаќини беа менаџерски тим на Болницата како и специјалистите-онколози, кои имаа излагање за работата секој од својата специјалност.

Делегацијата беше во центарот за онколошки болни се со цел да се испита програмата за работа и терапијата кон нашите пациенти.

На крај преставниците од Европската Унија ја согледаа нашата работа и го истакнаа позитивниот став за истата но и ни дадоја упатства за работа како би можеле уште побрзо да ја подобриме работата со европските стандарди.

More from ВестиMore posts in Вести »