Press "Enter" to skip to content

Еднодневна џип екскурзија “Битката на Добро Поле -100 години од пробојот на Македонскиот фронт“

Утре ќе се одржи еднодневна џип екскурзија, насловена “Битката на Добро Поле – 15.09.1918/2018 – 100 години од пробојот на Македонскиот фронт“, а учесниците, околу 20-тина теренски возила, ќе пристигнат до месноста  Добро Поле на Ниџе Планина, каде на 15 септември 1918 година се случил пробојот на Македонскиот фронт.

Еднодневната џип екскурзија се одржува со цел за одбележување на овој датум, како и за поголема промоција на регионот Мариово во областа на меморијален туризам, а организатор на екскурзијата е здружение за запознавање и патување “ОФ РОУД-МАКЕДОНИЈА“ – Битола, а е поддржана од Општина Новаци, во соработка со туристичките агенции “Турист“ и “С-Травел“. 

Инаку, за потсетување треба да се напомене и дека Првата светска војна на некој начин значела и кулминација на лошата состојба во Македонија, која од крајот на XIX век била постојано во состојба на внатрешни немири и против своја воља била вклучена во сите воени конфликти кои се случиле на Балканот. Населението било преполовено од глад, болести и воени дејствија, особено во регионот Мариово, каде се случиле и голем број од поважните битки во тоа време.

 По тој повод грутки земја земени од Верден, од ровот кај Шатанкур, ќе бидат донесени на ова место на сеќавањата при откривањето на споменикот. 

More from ВестиMore posts in Вести »