По повод престојниот референдум, прес-конференција одржа Емилија Костурска, заменик градоначалничка на Општина Битола, во која рече:
-Социјалната помош веќе од следната година ќе изнесува 200 евра, а со приближувањето кон Европската Унија, поддршката за социјална заштита на граѓаните ќе се зголемува од ден на ден. Пристојни и редовни плати и пензии, почитување на работничките права, мобилност на пазарот на труд, , сместувачки капацитети за деца и стари лица, согласно потребите на заедницата, намалена сиромаштија…сето тоа е на дофат и ќе стане реалност со членството на Република Македонија во Европската Унија.
Дел од европските стандарди на социјална заштита веќе се присутни во Република Македонија преку голем број проекти што унијата ги реализирала, меѓудругото и тука во Битола. Грижата за сите – млади, стари и средовечни е една од најубавите карактеристики на земјите членки на ЕУ.
Државата ги создава предусловите, но граѓаните се тие кои треба да ги донесат и да ги живеат европските стандарди на социјална заштита во Македонија. Нашата иднина зависи од нас самите и од одлуката што ќе ја донесеме.
Ние знаеме дека заслужуваме загарантирани човекови права, спречување на маргинализација од секаков вид, унапредување на социјалните услуги, интензивирање на борбата со сиромаштијата, нови градинки и старски домови, европски стандарди на социјалната заштита, европски плати и пензии.
За солидардност и социјална правда, да излеземе на 30 септември и да заокружиме ЗА…ЗА Европска Македонија






