Press "Enter" to skip to content

Новоформираното ДПСД “Феникс“ ќе им помага на битолчани во разни ситуации

На 1. септември во Битола е основано е ново друштво за противпожарна заштита и за спасување од елементарни непогоди, спасување во планини, како и заштита на животните и нивните права и заштита на природата и животната средина.

Друштвото се вика Доброволно Противпожарно Спасително Друштво ДПСД “Феникс“ – Битола или скратено ДПСД “Феникс“ – Битола.-Друштвото е доброволно и во него може да се зачлени секој заинтересиран граѓанин, односно да волонтира за противпожарна заштита, за заштита на животните и природата во било кој сегмент и аспект за заштита. Секој граѓанин може да ја посети канцеларијата на Друштвото на ул. “Охридска“ бр.2 А, Битола по претходна најава на телефон 070 50 80 90 или на facebook профилот. За сите информации, како и пријави за евентуални проблеми кои го засегаат друштвото, граѓаните може да се јавуваат на горенаведениот телефон на друштвото, велат од “Феникс“.Друштвото има за цел да работи на подобрување на безбедноста во регионот, а преку тоа и подобрување на квалитетот на животот кај населението во регионот, а најавија и соработка со сите други здруженија, друштва и асоцијации со кои имаме иста цел, хумано да ја сочуваат и природата и животинскиот свет во неа.

More from ВестиMore posts in Вести »