Press "Enter" to skip to content

Фото вест: нов, урбан, изглед на дел од старите општински гаражи

Во Битола се повеќе места полека добиваат модерен урбал лик, а летово можевме да видиме на неколку места како се цртаат графити и со тоа просторот добива нов лик. Тоа започна срамежливо околу ракометното игралиште, а сега ги има насекаде со нов, модерен, цртеж.

Деновиве битолчани забележаа дека дел од старите општински гаражи во центарот на Битола, кои се сместени наспроти старата општина, доби нов лик, а на целиот простор од двете страни е исцртан мурал со модерна содржина. 

Старите гаражи со преселување на локалната самоуправа во новите простории ја изгубија намената, а секако дека треба да добијат нова, а тоа ќе значи уредување на овој дел од центарот.

Мора да споменеме дека муралите и графитите ги поставуваат битолчани на разни начини, дел како пишувавме ги организираат куќните совети, дел се од приватни комшании, а голем мурал е од општината во рамките на Битфест.

More from БитолаMore posts in Битола »