Јуниор програмата на ИФФК „Браќа Манаки“ под покровителство на Бимилк
Во рамки на Јуниор програмата на 39-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржува од 22 до 29 септември во Битола, компанијата Бимилк се јавува како главен покровител.
Преку ова покровителство, всушност Битолска млекара уште еднаш ја покажува својата поддршка за децата, давајќи придонес во нивното културно образование и поттикнувајќи ги вистинските вредности од најмала возраст.
-Не случајно одбравме да ја поддржиме токму детската програма на ИФФК ‘Браќа Манаки’, бидејќи токму децата се нашата најважна категорија, за која компанијата покажува континуирана грижа, почнувајќи пред с од грижа за нивното здравје и нивниот правилен раст и развој, а секако и поттикнувајќи ги да ја препознаваат и ценат културата и филмската уметност уште од најмали нозе. Верувам дека благодарение на нашата поддршка успеавме да ја збогатиме детската програма и ги покануваме сите деца да ги погледнат селектираните филмови“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во “Бимилк“.
Инаку, Јуниор програмата на 39-тиот ИФФК „Браќа Манаки“ се одржува од 25 – 27 септември од 10 часот во Големата сала во Центарот за култура во Битола, а од “Бимилк“ им понудија мали, здрави изненадувања за сите присутни деца.

“Бимилк“ повторно верен другар на децата и на фестивалот “Браќа Манаки“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





