Press "Enter" to skip to content

Студентите во Студентскиот дом ќе живеат според светски студенстки стандарди (фотогалерија)

Студентите кои се одлучија своето академско образование да го стекнат во Битола, а при тоа да живеат во студентскиот дом “Кочо Рацин“ и се сместени во Домот можат да се пофалат дека живеат според светски студенстки стандарди. Тоа им е овозможени по комплетната реконструкција на домот и тоа на “Ц“ блокот, кој е дел од единствената установа од ваков вид во Битола, при Универзитот “Св. Климент Охридски“ од Битола.

За тоа што е реконструирано во “Ц“ блокот, директорот на Студенсткиот дом, Соња Карапец, за 68 студенти од државата кои студираат во Битола да имаат одлични услови, вели:-Со самото мое доаѓање тука, тоа беше и моја обврска и должност и затоа заедно со вработените веднаш отпочнавме со реновирање на двете крила во “Ц“ блокот, бидејќи иднината е во нашите млади и наша должност и обврска е да им обезбедиме подобри услови за нивно образование. Оваа година реновиран е “Ц“ блокот од Студенскиот Дом, кој сега има капацитет да смести 68 студенти од целата наша држава. Ваков тип на комплетно реновирање се врши после подолго време, со што нашите студенти ќе ја имаат  таа чест нивниот престој да го продолжат во далеку подобри и попријатни услови за нивен престој.Реновираниот блок “Ц“, кој сега нуди далеку подобри услови за престој, е поделен на машки и женски дел, а во собите ќе можат да се сместуваат по две лица. Тие ќе престојуваат во комплетно уредени простории опремени со нов мебел, како и комплетно реновирани тоалети. Во овој, сега модерен и функционален објект приоритет за сместување ќе имаат апсолвентите.-Студентскиот дом “Кочо Рацин“ во Битола од сопствени средства го изврши реновирањето на еден од објектите, но секако тука мора да ја споменеме и помошта која одлучија да ни ја доделат дел од јавните претпријатија и стопанските субјекти од регионот, за што јас, вработените во домот и студентите сме благодарни. Сите тие, покажаа голема општествена одговорност, бидејки се свесни за неговата важност за овој регион, особено за сегашните и идни генерации на УКЛО, вели Карапец.Студенскиот дом “Кочо Рацин” е единствен од ваков тип во регионот кој датира уште од 1980 година, кога и ги примил првите 270 студенти. Денес тој располага со 385 легла, распоредени во 4 објекти и е единствен студенски дом што располага со прекрасна голема дворна површина, во која редовно уживаат не само студентите кои се сместени во домот, туку и голем број нивни колеги и пријатели.

На свеченото предавање на употреба на реновираниот “Ц“ блок, студентите сами ја пресекоа лентата и со тоа покажаа дека Домот е за нив, онака како што тоа е замислено.При свеченото предавање на употреба, присутна беше и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска која рече:

-Честитки до сите вработени во Студентскиот дом затоа што ова е многу значајно за еден град како што е Битола, кој претставува важен универзитетски центар. Создавање на подобри услови за студентите е навистина потребно за ваков град. Овој пример кој што денес го имаме, покажува како треба да соработува локалната самоуправа, централната власт, затоа што покрај средствата кои што ги обезбеди самиот студентски дом за реновирање на блокот “Ц“, во голема мерка помогнаа јавните претпријатија “Водовод“ и “Комуналец“ во рамките на своите надлежности, а тука помогнаа и РЕК “Битола“ и ФОД. Тоа покажува како може заедно, сплотено, навистина да се направи нешто добро.За идните планови директорката на домот, Соња Карапец додаде:

-Во никој случај тука нема да застанеме, туку продолжуваме со нашата работа. Во иднина планираме да ги реновираме и останатите три блока со помош на ресорното Министерство за образование и наука, Собранието и Владата на РМ. Студентите секаде го носат општеството чекор понапред, а ние треба и преку одлични услови за престој и школување тоа да им го обезбедиме.

С.Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »