Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Александар Црвенко

Во Битола на 66 годинашна возраст ненадејно почина битолчанецот, академскиот музичар, Александар Црвенко.

Александар Црвенко беше познат кај битолчани како културно просветен работник, кој долги години беше вработен во Културно просветната заедница – КПЗ, а таму ја избвршуваше и функцијата директор.

Црвенко во својата музичка кариера има настапувано со музички звезди од сите републики во Југословенската федерација, а најголем дел од Хрватска.

Александар Црвенско беше и диригент на културно уметничкото друштво “Стив Наумов“, а имаше и израборотено и аражмани за песни кои ги исполнуваа хоровите.

Во пензионерските денови подучуваше голем број на млади битолчани на својот омилен музички интрумент – клавијатири.

More from БитолаMore posts in Битола »