Press "Enter" to skip to content

“Пивара“ – Скопје постави “Coca-Cola Активна зона“ во градскиот парк во Битола (фотогалерија)

Продолжува тригодишниот проект на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola преку кој Битола станa дел од големиот проект “Coca-Cola Активни зони“, а зоната се наоѓа во градскиот парк.Четиринаесеттата „Coca-Cola Активна зона“ од големиот проект на “Пивара“ – Скопје и компанијата „Coca-Cola“ кој се реализира веќе трета година по ред, денеска беше поставена во Битола, а е лоцирана во централното градско подрачје.  „Coca-Cola Активната зона“ е место во кое граѓаните од сите генерации ќе можат да се рекреираат и дружат.-Среќни сме што денеска, во прекрасната Битола, продолжуваме со реализација на добро познатиот  проект  “Coca-Cola Активни зони“. Со оваа, 14-та Активна зона по ред, битолчани им се придружуваат на илјадниците граѓани ширум Македонија кои ќе ги ползуваат придобивките од ова место и ќе се дружат со своите сограѓани со кои делат исти навики и имаат исти интереси. “Пивара“ – Скопје и компанијата “Coca-Cola“, продолжуваат со реализација на проекти што промовираат градење и негување на вистинските општествени вредности и инклузија на граѓаните, како постулат за создавање и одржување на силно општество, сега, но и за во иднината, изјави Марија Мининчиќ – менаџер за корпоративни комуникации во “Пивара“ – Скопје.На настанот по повод отворањето на 14-тата по ред “Coca-Cola Активна зона“, која е бесплатна и достапна за употреба 24 часа на ден, присуствуваа бројни претставници од битолските спортски друштва, жители од сите генерации, како и претставници од општината.-Нашето партнерство со Пивара Скопје бележи долгогодишна традиција, па овие проекти доаѓаат како логичен редослед преку кој заеднички покажуваме како на дело изгледа добрата соработка. Како една од најуспешните општини во Македонија на спортски план, навистина сме благодарни што “Пивара“ – Скопје и компанијата “Coca-Cola“ го препознаа нашиот успех и токму нашата општина е дел од 5-те општини кои годинава добиваат Активни зони. Ова е навистина прекрасен проект кој на сите категории на граѓани им овозможува простор за рекреација, релаксација и дружење, а како содржина, претставува одлично надополнување на нашиот градски парк, изјави Наташа Петровска, градоначалничка на Општина Битола.Проектот „Coca-Cola Активни зони“ кој започна во 2016 година е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата „Coca-Cola“.

More from БитолаMore posts in Битола »