Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер поразени во првото коло во Кавадарци

Фени Индустри – Пелистер – 86:68 (43:39)

Спортска сала “Јасмин“ во Кавадарци

Гледачи: 500

Судии: Мијалковски, Ѓоревски и Михајловиќ.

Фени Индустри:

Петровски 17, Пајиќ 22, Бакос 8, Елиот 10, Фундербург 15, Милков 4, Сапунџиев 3, Кицев, Мелов, Златев, Коцев, Мајер 7.

Пелистер:

Арсовски 4, Давков 4, Атанасовски 2, Голубовиќ 13, Џуморд 21, Захариевски, Илиевски 4, Трајковски, Талевски, Трсунов 15, Обедниковски, Ѓоргиевски 5.

Кошаркарите на Пелистер наместо како домаќини како гости ја започнаа ова прволигашка сезона, бидејќи КФМ не даде зелено светло натпреварите да се играат во спортската сала “Боро Чурлевски“ поради градежните работи кои се во тек во собчекувалните.

Па така избраниците на Предраг Созовски како гости го забележаа првиот пораз од екипата на  Фени Индустри, пред се во одличната завршница на натпреварот.

Домашните во првата четвртина завршија со разлика од десет поени, 28:18, а “пелитерци“ само во првите три минути беа рамноправни. Во почетокот на втората четвртина гостите дојдоа на пет поени разлика, но на крајот на полувремето разликата да биде на подносливи 4 коша разлика во корист на домаќините 43:39.

Во продолженито, во средината на третата четвртина Пелистер дојде на -1 (48:47), а до крајот на четвртината пак разликата беше 5 поени (60:55).

Завршната, последна четвртина го одлучи победникот, по 3 минути игра разликата дојде на 10 поени за Фени, а на 5 минути до крајот 11 (69:58). Во последните три минути од натпреварот домаќините постигнаа 12 коша, гостите само 7 и натпреварот заврпи со 86:68.

Кај битолчани, најефикасен беше американското засилување Харис Тирон Џаморд даде 21 коша, а Трсунов 15 и Голубовиќ 13.

More from БитолаMore posts in Битола »