Press "Enter" to skip to content

Рампите ги нема, “Градски паркинзи“ повеќе не стопанисуваат со паркингот во болницата

Повеќе ги нема рампите за влез во паркингот во Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ во Битола, и сега времено влезот и паркирањето во дворот на болницата е слободно.

Договорот со “Градски паркинзи“ на фирмата “Стентон градба“ и Клиничка болница Битола е раскинат и во најбз можен рок болницата паркингот ќе го превземе во целост.

Од Клиничката болница ги замолуваат пациенти за поддршка и разбирање за метежот кој би можел да настани во наредниов период со паркирање на автомобилите во дворот на болницата, а за многу бргу ќе се воспостави автомобилски ред.