Пелистер – Кораби 2:1 (0:0)
Градски стадион под Тумбекафе
Гледачи: 300
Пелистер:
Ристевски, Исмаили, Илиевски, Колевски, Илијовски, Наумоски (Здравевски), Главевски, Коњарски, Бошковски (Момировски), Трајковски, Анѓелески (Неданоски).
Кораби:
Ислами, Врлаку, Лекоски, Муладаути, Колеци, Леши, Спахију, Клобучишта, Муча, Целески, Трпески.
Фудбалерите на Пелистер со голот на капитенот Благојче Главески во последните моменти од судиското надополнување, во 94 минута, победија со 2:1 против дебарската екипа Кораби.
Првото полувреме беше во знак на “пелистерци“ но не постигнаа гол, голот за водство го постигна Благоја Наумоски во 55. минута од пенал. Пред постигнувањето на пеналот, “пелистерци“ имаа шанси за гол, а при водство од 1:0, Главески погоди во дирекот.
Гостите од Дебар по една лоша поставена одбрана на Пелистер, во 70. минута израмнија со убав удар на Муча. По израмнувањето Пелистер остана со 10 играчи по исклучувањето на Трајковски, а на десетина минути пред крајот и Кораби остана со десет фудбалери.
Во судиското надополнување, во 94 минута, Благојче Главевски по последниот корнер кој ги изведоа, го постигна голот за победа.
Ова е втора победа за битолскиот второлигаш, а по 9 одиграни кола Пелистер има 8 бода.






