На фото-конкурсот кој го објави Македонската информативна агенција (МИА) фотографијата на Сашо Ристевски, фоторепортер од Битола, се најде во 10 најдобри фотографии и беше изложена на отворената изложба на најдобри 10 фотографии.
Се работи за фотографија на Ристевски која е направена на претставата на битолскиот народен театар за време на “Шекспир фестивалот“ која се одржа ова лето.
Фото конкурсот МИА го организира по повод 20-годишниот јубилеј од основање, а изложбата беше организирана во Клубот на пратеници во Скопје, на свечена прославата на јубилејот.
Инаку, Сашо Ристевски до сега има десет самојстојни изложби и четири колективни, а учествувал на изложви во Австралија. Долги години работи како фоторепортер, а е сопствени и уредник на интернет порталот www.bitolanews.mk.

Фотографијата на Сашо Ристевски избрана во 10 најдобри на фото-конкурсот на МИА
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- “Мостови на пријателство – танц што обединува“ меѓуучилишен танцов натпревар во Битола (фотогалерија)
- Универзитетското студентско собрание на УКЛО Битола распиша конурс за “УКЛО тривиум 2026“
- Нова планинска патека на Пелистер, од Цапари до Цапарска пресека
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 21 степен





