Press "Enter" to skip to content

“Тестенините не се доволни, потребна е поврзаност“ – акција на ротари клубот “Битола – Широк сокак“ (фото)

Ротари клубот Битола Широк Сокак се вклучи во акцијата која трае неколку дена, а запоќна во саботата, насловена “Ако не можете да нахраните сто луѓе нахранете барем еден“ (Мајка Тереза). 

Денес на Широк Сокак пред супер маркетот “Веро“, членовите на Ротари клубот “Битола Широк Сокак“ постанија пунк на кој битилчани донираа тестенини. Акцијата беше во рамките на неделата  “Италијански јазик во светот“.-Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на гладот, акцијата која зеде голем размер е поддржана од страна на Црвениот крст, Ротари клуб “Битола Широк Сокак“, двата Интеракт клубови од Битола како и Здружението на професори на италијански јазик на Македонија.  Истовремено има акции во пет града, а покрај Битола има во  Скопје, Струмица, Струга и Охрид.  Логото на акцијата за денес е „Тестенините не се доволни, потребна е поврзаност“ за наменети за семејствата кои што имаат потреба од тоа, рече Маја Милевска Кулевска од Ротари клуб “Битола Широк сокак“.

Денес за само два часа пред “Веро“ се донирани околу 100 килограми, а организаторите се надеваат дека тежината ќе надмине 2 тона.

Акцијата завршува утре со одбележување на денот на сиромаштијата, а се спроведува и во сите основни и средни училишта. 

More from ВестиMore posts in Вести »