Ако пред некое време со нашиор фото-објектив забележавме многу оставени отпадоци над црквата “Св. Атанасие“ кај месноста Смолево, денешните фотографии се по вознемирувачки.
Некои наши сограѓани ги сечат дабовите стебла кај Смолево, а засечени се оставени. Рекреативци кои ги стетнавме таму велат дека ги засекуваат дрвјата кога нема никој, а подоцна исто така кога нема никој таму полека ги слегуваат.
Не сакаме да коментираме од кои причини се сечат дабовите дрвја, од сиромаштија или од други побуди, но сепак глетката не е пријатна за очи.
На место каде секојдневно рекреираат стотици битолчани и е едно од најпопуларните места за рекреација на Битола, оваа постапка не е во ред, а само би додале, дека Смолево, па и цело потпелистерје не го заслужува ова.






