Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: сообраќајка на крстосницата Острец-Велушина, возачите повредени

На 17.10.2018 година во 09,13 часот во Битола, пред раскрсницата за село Остерц и село Велушина во правец на село Драгош, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода фабија“ со битолски регистерски таблици управувано од А.Л. (40) од Битола и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со битолски регистерски таблици управувано од Л.П. (37) од Битола.

Во незгодата А.Л. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош, додека Л.П. се здобил со телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола.

Се работи на целосно расчистување на случајот.  

More from ВестиMore posts in Вести »