Викендот што измина го одбележа еден прекрасен настан, 7. роденден на центарот за едукација и консултации “Лоотус Ј“ кој беше прославен во пицеријата “Кус-Кус“. На настанот беа присутни беа голем број на уценици и соработници, а особена чест им приредија гостите од ранливите категории со кои имаат долгорочна соработка.
Успехот е неизбежен кога ученикот е во рацете на искусни наставници кои несебично го споделуваат знаењето на начин кој е лесно прифатлив за секое дете. Зголемување на креативноста, мотивираноста и желбата за стекнување нови и применливи знаења се главните одлики на едукативниот и консултативен центар “Лоотус Ј“.
-Постигнатите резултати по математика, информатика, англиски и германски јазик во изминативе 7 години не мотивираа да продолжиме со уште поголем елан и да се прошириме со отварање на дневен престој во посебни простории. Престојот е наменет за ученици од основно образование со цел полесно извршување на секојдневните училишни обврски (пишување домашни задаци и тековно изучување на материјалот по сите училишни предмети), ни рече м-р Симона Јовеска на роденденската забава.
За наставниот дел, покрај м-р Симона Јовеска се задолжени и м-р Бојан Кокоровски, дипломиран професор по англиски јазик и книжевност Мелинда Станчевска и дипломиран одделенски наставник Јасмина Бошевска.
Во чест на 7. роденден беа доделени 107 ваучери со попусти со цел повеќе среќни и успешни ученици.
Нека трае, и уште многу среќни родендени “Лоотус Ј“.

Среќна 7-ка “Лоотус Ј“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »




