Press "Enter" to skip to content

Известување до јавноста од сопствениците на ноќниот клуб “Расчекор“

До нашата редакција, преку правниот застапник на сопствениците на ноќниот клуб “Расчекор“ пристигна известување до јавноста кое ви го пренесуваме во целост:

Почитувани народе,

Ајде дојдовме на ред и НИЕ од ноќниот клуб “Расчекор“ деновиве популарно наречен “Расцепор“ со Наши коментари да се приклучиме на оваа најнова “ЗАБАВА“ која се случува во некои портали и на социјалните мрежи, каде сме прозвани како сопственици на клубот.

Воопшто не е чудно народот да се забавува на дневна основа, со таканаречени “рекла-кажала“ ситуации или ситуации од типот “Еј брат слушна бе за ова/за овај а ?“

Некои од таквите коментари на ситуации искрено и Нас не насмеаја и се тоа е така забавно и незлонамерно дури е во доменот на шармот на Битолската чаршија, бидејќи озборувањето во Битола си има повеќевековна традиција, што е факт.

Можеби ќе беше подобро да го почекавме Денот на Вештерките “HALOWEEN“ но, за момент ќе станеме сериозни во поглед на развојот на оваа ситуација околу нас бидејќи нештата кои започнаа како забава за народот сега почнаа да заземаат друга поинаква димензија и веќе полека но сигурно навлегоа во сферата на правната одговорност, па затоа од тој аспект кој исто така сметаме дека е важен сакаме да Ви ги предочиме на знаење следните факти.

1.Наводно полово нападнато дете во Битола од Нас нема, како што нема ни полово нападнато лице со оглед на фактот што некаде се споменува дете, а некаде лице. Нема ниту некаков пријавен случај во Болницата во Битола за ваков или сличен настан поврзан со Нас. Нема никаков настан пријавен во Јавното Обвинителство во Битола и нема никаков настан пријавен во Битолската полиција. Не постои ниту оштетено семејство на кое наводно сме му исплатиле пари за да “случајот“ се затскрие. Нема од проста причина, што ваков настан поврзан со Нас не постои.

2.Веќе извесен временски период, Ние како успешни угостители и Битолчани сме изложени на притисоци и обиди за изнуди и уцени од разни лица кои припаѓаат на таканаречените ,“рекетарски структури“ во градот и пошироко, кои на овој начин постојано вршат или мислат дека вршат притисок врз нас и останати стопанственици од Битола, заради остварување на лични цели, во превод сакаат брзи и лесни пари без работа. Оваа измислена и режирана ситуација е само кулминација на таквите нивни заложби кон нас. Ваквите нивни делувања нема да застанат се додека истите од нас не успеат да извлечат материјална корист со цел да престанат да делуваат на овој начин во иднина. Ова за нас е апсолутно неприфатливо бидејќи немаме намера да подлегнуваме на било какви уцени, закани и притисоци заради тоа што никому не сме згрешиле ништо.

3.Иако, во принцип во текот на сите години наназад на наше признато успешно деловно работење во градот Битола и пошироко, не е прв пат да се соочиме со ширење на дезинформации за Нас и нашите семејства, последните случувања преминаа буквално во јавен повик за линч, евидентно е дека се шири говор на омраза кон Нас, што најмногу се рефлектира на нашите деца и средината во која живеат и се школуваат, па затоа се одлучивме да го искажеме нашиот став и да ја обелодениме вистинската ситуација како се случи да дојде до сето ова.

Меѓутоа, степенот на сериозност до кој дојде оваа на почеток забавна ситуација со по некој придодаден коментар во јавноста, Не носи Нас во ситуација да после денешниот ден, отпочнеме со подготовка на документација со цел покренување на соодветни постапки преку правни механизми пред институциите на системот во државата заради Наша заштита и заштита на интегритетот на нашите семејства пред се, бидејќи веќе се создадени услови за тоа, или како што рекле старите “Ѓаволот ја однел шегата“.

Затоа, најдобронамерно упатуваме и повик до сите медиуми темелно да ги проверуваат материјалите кои ги имаат пред да објават текстови со содржина која не одговара на реалноста, за да не се создаваат вакви непријатни и тензични ситуации во иднина, а во меѓувреме ги повикуваме и воедно ги поддржуваме да се позанимаваат малку повеќе со истражувачко новинарство и работи и проблеми кои се од суштинско значење за нашето денешно живеење со цел подобрување на квалитетот на живот на сите Нас.

Поздрав Пријатели,

Игор и Марио од  “Расчекор“ од Битола.

Да сте здрави и живи Вие и Вашите најблиски.

More from БитолаMore posts in Битола »