Press "Enter" to skip to content

Прва победа во новата сезона и први бодови за ОК Пелистер Волеј

Пелистер Волеј – Ускана 3:2 (25:17; 25:19; 20:25; 24:26; 25:12) 

Натпревар кој започна солидно со сигурно водство од 2:0 во сетови, во кои се беше на страната на Пелистер, но потоа се случи пресврт во корист на гостинките.

По двата наредни сета Ускана имаше имаше реми резултат 2:2, а одлучувачки беше третиот сет кој одбојкарките на Пелистер Волеј го добија и со тоа ја зебележаа првата победа во новата сезона.

Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски по победата рече:

-И кога сите однојкарки на Пелистер Волеј помислија дека се е готово, започнавме со грешки кои скапо не чинат затоа што загубивме драгоцен бод. Дури и во третиот сет играта не беше на посакувано ниво. Ако е нешто добро во овај натпревар тоа е дека со слаба игра извојувавме победа, па сега со сите мисли сме насочени кон второто коло.

Нареден викенд Пелистер Волеј гостува на Виктори Волеј во Струмица.