Press "Enter" to skip to content

Вечерва, во предвечерјето на 4. Ноември, 68. по ред ноќна атлетска трка во Битола

Во рамките на празнувањата на 4. Ноември по повод Денот на ослободувањето на Битола, вечерва со почеток во 18 часот, на Широк Сокак  ќе се одржи ноќната атлетска трка во организација на Сојузот на спортови на Битола со поддршка на Општина Битола, која ќе се одржи по 68. пат и најстарата спортска манифестација на градот и пошироко.

На вечерашната ноќната атлетска трка, која и годинава ќе трчаат околу 800 основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани, а ќе се натпреваруваат во 24 категории во машка и женска конкуренција.

-Ова е 68-мо издание на една од најстарите спортски манифестации кај нас. Сојузот на спортови со поддршка на Општина Битола, како и “Бимилк“ и “БВ Инженеринг“ целосно се посвети за уште едно масовно издание на нашите ученици, спортисти, граѓани, вели претседателот на Сојузот на спортови, Сашо Павловски.

Традиционално, разбирливо поради тоа што има најмногу ученици во организацијата да биде вклучен и Општинскиот сојуз на училишен спорт.

Ноќната трка ќе започне по 18:00 часот на Широк сокак, а целната линија ќе биде на плоштадот “Магнолија“, каде што ќе се доделуваат и наградите. 

More from ВестиMore posts in Вести »