Press "Enter" to skip to content

Новоназначениот конзул на Бугарија на средба со градоначалничката

Новоназначениот конзул во Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, Димитар Иванов, денес имаше работна средба со градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

На средбата со конзулот Иванов, кој во Битола е само седум дена, беше разговарано за перспективите на соработката на општината и конзулатот, досегашните активности, како и за плановите за идна можна соработка на повеќе полиња.

Двајцата соговорници изразија задоволство од средбата, која што понатаму треба да биде појдовна точка за соработка на конкретни проекти од двете страни.

More from ВестиMore posts in Вести »