Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “Комуналец“ наводнува и во есен во градскиот парк

Иако сме влезени во длабока есен  екипа на јавното претријатие “Комуналец“ ги забележавме како наводнуваат и во месец ноември, забележа нашиот фото-објектив.

-Луѓето работаат во паркот и низ шеталиштето. Ние сме тука секој ден и секој ден тука има вработени во “Комуналец“, кој метат, поливаат, сечат стари гранки и кастрат дрвја, што е за пофалба. Но, рака на срце ние кои сме тука правиме сами неред, со фрлање на ѓубре, носење на кучиња, оштетување на клупи…, велат секојдневните посетители низ градскиот парк.

Екипите на “Комуналец“ ги полеваше жардинерите во кои има засадено цвеќе и младите дрвца кои се засадени низ паркот оваа пролет и есен, а хи уредуваа и жардинерите, кои за жал неколку од нив личеа на корпи за отпадоци.