Покрај наградата за животно дело беа доделени и наградите за едногодишни остварувања на Александар Литовски, Јован Валилев и Иван Додовски, кој им ги врачи градоначалничката Наташа Петровска.
Вечерва на Свечена академија која се одржа во Народниот театар, пред голем број на битолчани и гостите од збратимените градови, во присуство на министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски, како претставник на извршната власт, беа доделни наградите “4-ти Ноември“ по повод Денот на ослободувањето на Битола.
На Академијата беа присутни и пратениците Александар Кирацовски и Горан Милевски, поранешни градоначалници на Битола и претседатели на Собрание на Битола, советници, бизнисмени…
Добитниците на наградите ги соопшти претседателот на Одборот за доделување на наградата “4-ти Ноември“ Валентон Грувски, кој ги прочита и образложенијата според кој на добитниците им се доделени наградите.
Наградата за животно дело и беше врачена на Виолета Томовска доајен на македонската народна песна, за нејзиниот голем придонес во афирмацијата на Битола, за нејзиниот музички ангажман… Таа по доделување на наградата на присутните им се заблагодари со песна од друг битолчанец, Кире Костов, која таа ја испеа.
Едногодишната награда за достигнувања во областа на литературатa му е доделена на доцент д-р Александар Литовски, историчар, кој во оваа година ја издаде книгата која е збир на негови колумни кои ги пишувал во периодот од 2013 до 2018 година.
За едногодишно достигнување во областа на спортот, награден е Јован Василев, спортски ракометен судија, кој во оваа година со женскиот ракометен клуб Пелистер, кој тој го води, избори излез на европска сцена, а беше делегат и на финалето од ракометниот куп кој се одигра во Битола, како и за неговиот спортски ангажман во ракометот.
За едногодишно достигнување во областа на науката и културата, наградата “4-ти Ноември“ ја доби проф. д-р Иван Додовски, кој ја објави книгата “Мало фолио за театар“ која тој ја промовираше во Битола.
Пред доделување на наградите наместо осврт на тоа што градоначалнилката Петровска и нејзиниот тим го сработиле во оваа измината година беше прикажан документарен филм за сите проекти кои се завршени, за оние кои се во тек на изведба и за планираните. Градоначалнилчката им ги додели наградите и честита на добитниците.
Во забавниот дел, по официјалниот, настапија дел од Камерниот оркестар на Битола и солистката Марија Груевска, а свои забележителни точки изведоа и дел од членовите на танцовиот клуб “Степ“.
Пред свечената академија беше отворена изложба на фотографии на Петар и Сашо Ставрев за 50 годишното пријателство на Битола и Епинал.
Текст и фото: С. Ристевски

Доделени наградите “4-ти Ноември“, за животно дело на Виолета Томовска (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физички напад, нападната жена во канцеларија за кредитирање
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 12 степени
- Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли
- „Женски Земјотрес“ во Битола ја отвора сцената за гласовите што не смеат да исчезнат
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет




