Press "Enter" to skip to content

Значајна победа на одбојкарките на Пелистер

Пелистер Волеј – Бами Кор  3:1 (25:22; 20:25; 25:19; 25:19)

Во спортската сала на средното медицинско училиште се одигра вонредното 4. коло од Првата државна одбојкарска лига во која заслужено одбојкарките на Пелистер Волеј славеа победа од 3:1 по сетови.

За оваа победа, за која рече и пред натпреварот дека ќе биде значајна за екипата, тренерот Роберт Митковски вели:

-Втор натпревар на домашен терен и втора сезонска победа, која е извојувана по многу тешки први два сета. На почетокот имавме доста грешки па така во првиот сет за прв пат во водство дојдовме дури по 20-тиот поен, но сепак бевме постабилни на крај и сетот заврши во наша корист. Вториот сет го одигравме доста лошо и сосема заслужено им припадна на гостите од Тетово. Сепак Пелистер Волеј блесна со далеку подобра игра во третиот и четвртиот сет, како во одбраната така и во нападот, а и сервисот се подигна на посакуваното ниво, а за победата додава и:

-Ова за нас е огромна, значајна победа по киксот во Струмица во второто коло, втора победа од три натпревари и нови 3 бода, па сега со вкупно 5 се позициониравме на шестата позиција на бод до Виктори Волеј исто колку и Бами Кор, но со сет повеќе.

Статитистиката на одбојкарките е доста добра, а според неа листата на поени во овај натпревар е следна: 17 Симона С. (10 од напад; 7 ас), 16 поени Сара Д. (13 од напад; 3 ас), 12 поени Теодора А. (6 од напад; 3 ас; 3 блок), 12 поени Изабела Д. (9 од напад; 2 ас; 1 блок), 11 поени Софија П. (6 од напад; 4 ас; 1 блок), 3 поени Тамара Ж.(1 од напад; 2 ас).

Пелистер Волеј е единствената екипа со 6 добиени сета и со 6 загубени (коефициент 1.000) и она што е интересно освои 259 поени и загуби исто толку 259 поени (коефициент 1.000) во три натпревари.

Девојките по натпреварот искажаа и огромна, голема и неизмерна благодарност до членството и бројната публика, која иако потешко од очекуваното ја израдуваа по втор пат во исто толку натпревари одиграни во Битола.

Наредното 5-то коло Пелистер Волеј ќе го одигра викендов во Скопје, против лидерот на табелата кој незнае за пораз и кој нема загубено ниту еден сет, екипата на Работнички Скопје.

More from БитолаMore posts in Битола »