Љубе Кузманоски, градоначалник на Општина Новаци деновиве даде отчет за сработеното во изминатата година откако е на чело на општината при што рече:
-Пред една година ја превзедов функцијата градоначалник на општина Новаци. Да се извршува оваа функција не претставува само чест и гордост туку и голема обврска и пожртвуваност . Работиме посветено кон доближување на општината до потребите на секој граѓанин.Во дослух со вас, граѓаните на општина Новаци, одговарајќи на вашите потреби и барања ги креираме нашите приоритети како локална самоуправа согласно со можностите. Како што ветивме така и започнавме, одговорно, домаќинско и транспарентно работење и управување во насока на заедничко осварување на зацртаните цели, а тоа се успешна, просперитетна, економски стабилна, европска општина Новаци. Квалитетно, ефикасно и ефективно се стремиме кон реализирање на голем број на проекти кои се во интерес на граѓаните , заедно да работиме и заедно да градиме едно здраво , модерно и економски стабилно општество во кое сите ќе ги чувствуваме благодетите и подеднакво ќе уживаме во подобрите услови за живот Општина Новаци е на вистински пат цврсто трасиран кон урбана, современа, претпознатлива општина каде главна карактеристика се инвестициите во инфраструктурата, локалниот економски развој, руралниот и меморијалниот туризам и меѓународната соработка. И во наредниот период продолжуваме со истото темп , со нови проекти и активности со единствена цел да ја направиме општина Новаци поубаво место за живеење на сите граѓани.
Потоа во полната сала пред присутните гости, советници од Советот на Општина Новаци, граѓани и медиуми, градоначалникот Љубе Кузманоски даде транспарентен отчет за реализираните проекти во изминатата година, како и проектите што се започнати и што наскоро треба да финишираат.
ДЕТСКИ ГРАДИНКИ – Набавка и одржување на дополнителна опрема на Центар за ран детски развој ,, Бамби” с.Новаци -626.000 ден.( Буџет на о.Новаци)-реализирано.
ОБРАЗОВАНИЕ Набавка на прочистувачи за воздух -ООУ Славко Лумбарковски и подрачни училишта -700.000 ден.(Донација на АД ЕЛЕМ )-реализирано
МЛАДИ И СПОРТ Изградба на мултифукционално игралиште во с.Д.Агларци – 960.000 ден.(Грант од Светска Банка и Буџет на О. Новаци)-реализирано.
ЖИВОТНА СРЕДИНА, Менаџирање со агро отпадот за загревање во руралните средин поддржан од Интерег програмата за меѓугранична соработка-Interreg-IPA CBC (2014-2020) . Општина Новаци /Општина Аминдео -216.000 евра (Европска Унија грант и О.Новаци со 15% кофинансирање)-во фаза на реализација.
ХИГИЕНА.,Дезинсекција , дератизација и дезинфекција на подрачјето на Општина Новаци со набавка на средства за дезинсекција и дератизација и апликација на средства за дезинсекција и дератизација -2018 година -110.000 ден.(Буџет на О.Новаци)-реализирано. -последна фаза 01.10.2018г
ИНФРАСТРУКТУРА
*Уредување на Порој во с. Гермијан -255.000 евра (Грант од Светска Банка) -16.557.000 денари за реализација на проектот -во реализација.
* Реализација на програмата за одржување на полските патишта во општина Новаци за 2018 година -санација и одржување на веќе постоечката полска патна инфраструктура. -4.000.000 ден.(Буџет на О.Новаци ) -реализирано
* Реализација на програмата за одржување на локалните патишта во општина Новаци за 2018 година -санација, одржување и изградба на нови локални асфалтни патишта и улици -6.000.000 ден.(Буџет на О.Новаци) – реализирано и во фаза на реализација
*ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО С.Д. АГЛАРЦИ – Доградба на постоечка планирана атмосферска канализација -696.000 денари (МЖСПП И ФОНД за фосилни горива) -во фаза на реализација
* Изградба на атмосферска канализација во с.Горно Агларци Крак 1 од врска со локална улица КП 1165/1 за КО Г.Агларци до врска со П-2340 и крак 2 од КП-1194 до врска со П-2340 – Доградба на постоечка планирана атмосферска канализација -813.424 ден.(МЖСПП И Фонд за фосилни горива ) -во фаза на реализација
*ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО С. НОВАЦИ – Доградба на постоечка планирана атмосферска канализација -958.517 ден.(МЖСПП И Фонд за фосилни горива) -во фаза на реализација
* Санација на потпорен ѕид и паркинг на река Коњарка-Општина Новаци -369.568 ден.(Буџет на О.Новаци) -реализирано
*ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО С. БАЧ – Доградба на постоечка планирана атмосферска канализација -833.666 ден.(МЖСПП И Фонд за фосилни горива -во реализација
*ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО С.ДАЛБЕГОВЦИ – Доградба на постоечка планирана атмосферска канализација -884.559 ден.(МЖСППИ Фонд за фосилни горива) -во фаза на реализација
* УПОТРЕБА ,ОДРЖУВАЊЕ и РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИ ВО С.ГЕРМИЈАН-Општина Новаци -1.330.596 ден.(Биро за развој на планските региони во Р.М)-реализирано
* УПОТРЕБА , ОДРЖУВАЊЕ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ВО С. ГРАДЕШНИЦА -1.365.269 ден.(Биро за развој на планските региони во Р.М) -реализирано
* Aнгажирање на градежна механизација и транспортни средства за потребите од технички интервенции за одржување на комунални објекти,локални патишта и улици на подрачјето на општина Новаци за период од 1 година. -3.000.000 ден.(Буџет на О.Новаци за 2018г) -реализација во тек по потреба
КУЛТУРА
*Изградба на спомен обележје на загинатите војници во Првата светска војна на т.н Солунски фронт- во с.Брод Општина Новаци – партерно уредување и подигање на споменик на жртвите изработен од камен -913.000 ден.(Буџет на О.Новаци) -реализирано
*Манифестација Културно-забавно Лето Новаци 2018 -672.000 ден.(Буџет на О.Новаци ) -60.000 ден. (Министерство за Култура ) -реализирано
ОПШТИНА ЗА ГРАЃАНИТЕ Работна средба со претставници на здруженија на граѓани , граѓани невладини организации , спортски клубови , претседатели на месни заедници од општина Новаци – комуникација и соработка со граѓанскиот сектор , граѓаните , клубовите и претседателите на месни заедници со цел воочување на проблемите и изнаоѓање на решенија. Презентирање на моделот на отворени и услужни општини каде пред се се граѓаните. Транспарентност и отчетност .
НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ
Здружение за мода ПИКСИ СТУДИО НОВАЦИ -Културно-забавно Лето Новаци 2018 -672.000 ден.(Буџет на О.Новаци ) -реализирано
–Планинарско Горскоспасително друштво АВА КОТА 1050 НОВАЦИ – кампот за обука на тимовите на општинските сили за одговор на пожари на отворен простор со завршна во с.Старавина. – вршење на дејности и активности во планинарството, горскоспасителството, заштитата на имотите и граѓаните од сите видови на елементарни непогоди и природни катастрофи. -1.000.000 ден.(Буџет на О.Новаци ) -реализирано
*СПОРТСКИ КЛУБОВИ, ФК НОВАЦИ 2011, ФК НОВАЦИ 2005 -младинци, -кадети, -пионери, ФК ПЕЛАГОНИЈА –ДОБРОМИРИ, МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР –ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ -4.000.000 ден.(Буџет на О.Новаци )
.ДРУГИ ПРОЕКТИ * Изработка на настрешница до капела и партерно уредување кај црквиче со надстрешница во с.Гермијан ,општина Новаци -480.000 ден.(Буџет на О.Новаци), -реализирано
* Реконструкција на влезна порта (портирница) во зградата на општината и поставување на чешма и изработка на преграда во Совет на општината -480.260 ден.(Буџет на О.Новаци) -реализирано
* Реконструкција на бунар и партерно уредување во с.Горно Агларци -Општина Новаци -408.000 ден(МЖСПП И Фонд за фосилни горива). -реализирано
* Санација на амбуланта во с.Бач-општина Новаци – Општината во соработка со ЦЗУ Битола обезбеди средства и изврши санација на амбулантата во с. Бач согласно потребите и барањата за санација , заради итноста на ситуацијата го искористи правото да обезбеди санација до 500 евра без објава на оглас за јавна набавка ,склучувајќи договор -30.000 ден.(Буџет на О.Новаци) -опрема и персонал ЦЗУ-Битола -реализирано
* Оградување на амбуланта во с.Маково ,Општина Новаци -118.000 ден.(Буџет на О.Новаци), -реализирано
* Реконструкција на бунар и партерно уредување во с.Долно Агларци-Општина Новаци -623.824 ден.(МЖСПП И Фонд за фосилни горива), -во фаза на реализација
* Изградба на водопоила во селата Рапеш и Бач-Општина Новаци -457.268 ден.(МЖСПП И Фонд за фосилни горива) -реализирано
* Изведба на завршни градежно-занаетчиски работи на капела во с.Новаци-Општина Новаци -1.200.000 ден.(Буџет на О.Новаци ) -во фаза на реализација
* Набавка и транспорт на градежни материјали за период од 1 година -сукцесиивно зависно од потребите на општината – За да излезе во пресрет општината на локалното население со набавка и транспорт на гредежни материјали на многу здруженија и црковни одбори на целата територија на општината -3.000.000 ден.(Буџет на О.Новаци )
*МЕЃУНАРОДНИ СОРАБОТКИ -МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТКА О.НОВАЦИ –О.КОЛОБЕЛ,Р.ФРАНЦИЈА, О.НОВАЦИ-О.ДУГИ РАТ ,Р.ХРВАТСКА, О.НОВАЦИ-О.АЈДИН,Р.ТУРЦИЈА, О.НОВАЦИ-О.КАРАЏАСУ ,Р.ТУРЦИЈА






