Press "Enter" to skip to content

Јени маале со прв пораз, есенски првак во општинската “Б“ лига

Со одигрувањето на последното 9. коло заврши есенскиот дел на општинската “Б“ лига, во која есенски првак е екипата на Јени маале, која беше поразена како гостин во Мусинци од домаќинот, екипата на Еленик спорт со 2:1.

И покрај поразот екипата на Јени маале е најпријатно изненадување во есенскиот дел со оглед на тоа како играше лани.

-Изгубивме во Мусинци иако имавме водство од 1:0, но се опуштивме, мислевме дека е се готово и дека со 9 од 9 победи ќе бидеме есенски прваци. Но примивме два гола и тоа беа први изгубени бодови. Но, мора да бидеме задоволни, бидејќи сме есенски прваци, а со оглед на тоа како игравме лани со многу порази ова е супер сезона за нас, вели капитенот Никола Пискачев, кој додава дека сега се со мислите кон организацијата на прославата за нивниот јубилеј 10 години ФК Јени маале.

 

Во последнтото есенско 9. есенско коло во општинската “Б“ лига постигнати се следните резултати:

МЛАДОСТ (ГО)  – ПЕЛАГОНИЈА (БК) 6:0

ХАЈДУК – ПЕЛАГОНИЈА (Т) 0:2

ПЕЛИСТЕР (ТМ)  – НАПРЕДОК  1:2

МЛАДОСТ (Д) – ПЕЛАГОНИЈА (Д) 1:2

ЕЛЕНИК – ЈЕНИ-МААЛЕ СПОРТ 2:1

 

Табела од општинската “Б“ лига:

 

1. ЈЕНИ-МААЛЕ СПОРТ                       24 бода (есенски првак)

2. ЕЛЕНИК СПОРТ                                 18

3. НАПРЕДОК с.Ношпал                       17

4. ПЕЛАГОНИЈА с.Добромири          16

5. МЛАДОСТ с.Горно Оризари           13

6. Младост Дедебалци                           11

7. ПЕЛАГОНИЈА с.Трап                        8

8. ПЕЛИСТЕР-ТРНОВО-МАГАРЕВО 8

9.  ХАЈДУК                                                  7

10. ФК ПЕЛАГОНИЈА БЕЛ КАМЕН   2

More from БитолаMore posts in Битола »