Денес на Денот на примирјето, 11 ноември 1918 година, од Првата светска војна и Денот на народна жалост, амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија на Француските и Германските воени гробишта во Битола одржаа заедничка комеморација.
На тој начин се потсетија на и го одржаа споменот за сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи, со посебен акцент на Битола која е прогласен за град херој и примирјето за крај на Првата светска војна потпишано на 11 ноември 1918 година.
На свеченостите покрај амбасодорите на Германија и Франција во Македонија присуствуваше и градоналалничката на Битола – Наташа Петровска, на Новаци – Љубе Кузмановски и претстаници на државната и локалната власт како и на дипломатскиот кор и на здруженијата на борци од Франција и Македонија.
Поздравен говор на Француските гробишта во Битола имаше амбасадорот на Сојузна Република Германија одржа говор на француските воени гробишта во Битола, а амбасадорот на Република Франција на германските воени гробишта во Битола во знак на помирувањето помеѓу двете држави и како уште еден доказ за француско-германското пријателство и беше одбележана стогодишнината од крајот на Првата светска војна.
-Одговорот е едноставен, помирување. Германија и Франција успеаа да го пронајдат патот кон помирувањето, рече германскиот амбасадор Герберих на Француските гробишта.
-Го славиме мирот, а тој е најдрагоцено нешто што го имаме во Европа. Македонија е во еден процес на помирување со своите соседи и поставува еден камен темелник на изградба на нова Европа, на Европа на мирот, рече францускиот амбасадор Тимоние на Германските гробишта во Битола.
Францускиот амбасадор Тимоние на Француските гробишта прочита писмо од претседателот на Франција, Макрон, за значењето на овој ден, а средношколци од Горната Гимназија и своите врсници од Франција потсетија на страдањата на народор во Македонија, а посебно на битолчани за време на Првата светска војна и го осудија бомбардирањето во боеви отрови при што страдаат голем број на жители на тогашна Битола, која беше до темел разрушена.
Потоа германскиот и францускиот амбасадор заедно положија цвеќе на спомен кострурницата на Француските гробишта, а по нив тоа го направија делегации на Собранието на Македонија и на Владата на Македонија.
Цвеќе положија и градоначалничката на Битола, и делагација на Советот на Општина Битола и амбасадорите на Соединетите американски држави и Руската федерација во Република Македонија.
Во делегациите на амбасадите во Македонија беа почесните конзули од Битола, Сашо Јанкиевски, Билјана Дамјановска-Јанчевска, Гордана Илиевски и Мамакис.
Цвеќе положија и делегација на ветераните на Франција, на НАТО, ОБСЕ, сојузот на борците на Битола и други.
Цвеќе на спомен костурницата положи и делегација на ВМРО-ДПМНЕ предвидена од претседателот Христијан Мицковски.
Пред комеморациите на Француските и Германските воени гробишта се одржа и комеморација на Срспките воени гробишта во Битола.
[ngg src=”galleries” ids=”225″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






