Press "Enter" to skip to content

За денес закажани две седници на Советот на општина Битола

Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски за денес има закажано две седници на Советот, 23. и 24. седница, што за прв пат се случува во мандатот на овој Совет.

Седниците се закажани со почеток во 13.00 часот, ќе се одржи 23-рата седницадодека во 15.00 часот истиот ден ќе се одржи 24-тата седница на Советот на општината Битола

На дневниот ред кој е предложен за 23-та седница на Советот на Општината Битола ќе има 18 точки ќе се расправа и гласа е следниот:

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општината Битола за третиот квартал од 2018 година.
  2. Програма за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2019 до 2021 година.
  3. Програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на Општина Битола за сезоната 2018/2019 година.
  4. Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистичко планска документација на подрачјето на Општината Битола за 2018 година.
  5. Програма за измени и дополнување на Програмата за туризам за 2018 година.
  6. Програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Битола за 2019 година.
  7. Одлука по Решение за запирање на објавување на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општината Битола за 2018 година.
  8. Одлука за формирање на тело за одлучување за распределба и трошење на финансиски средства кои се предвидени во Измените и дополнувањата на Буџетот на Општината Битола за 2018 година за преземање на мерки за заштита на животната средина и подобрување на амбиенталниот воздух на подрачјето на Општината Битола за надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување на системи и печки на пелети.
  9. Одлука за формирање на тело за одлучување за распределба и трошење на финансиски средства кои се предвидени во Измените и дополнувањата на Буџетот на Општината Битола за 2018 година за преземање на мерки за заштита на животната средина и подобрување на амбиенталниот воздух на подрачјето на Општината Битола за надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување на велосипеди.
  10. Одлука за ставање вон сила на одлуки за отпочнување постапка за пристапување кон изработка и донесување на детални урбанистички планови, одлука за утврдување на Нацрт УПВНМ, одлуки за прифаќање на иницијатива за изработка на УПВНМ и одлуки за утврдување на потреба од изработување на локална урбанистичка планска документација.
  11. Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соиработка помеѓу општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци за учество во финансирањето на Регионалниот ресурсен центар за слепи лица и лица со оштетен вид за општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Новаци и Могила-Битола.
  12. Одлука за отпочнување со работа и вршење на дејноста на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Естреја Овадија-Мара“ во с. Кравари, Општина Битола, во новиот објект „Пролет 1“ лоциран на ул. „Спасе Ристевски“ бр. 2 А во с.Кравари, Општина Битола, во состав на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Естреја Овадија-Мара“ во Општина Битола.
  13. Одлука за давање на користење, одржување и управување на објектот „Пролет 1“ во с. Кравари на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Естреја Овадија-Мара“ во Општина Битола.
  14. Одлука за пренесување на правото на тековно одржување на уличното осветлување на подрачјето на Општина Битола за реоните Бистрица, Цапари и Кукуречани на ЈП „Комуналец“ Битола.
  15. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените на услугите за поправка и монтажа на електричната мрежа за улично осветлување на територијата на поранешните општини Бистрица тер.2, Кукуречани тер. 3 и Цапари тер. 4.
  16. Решение за разрешување и именување на членови во Надзорниот одбор во ЈКП „Водовод“ Битола.
  17. Решение за разрешување и именување на членови во Надзорниот одбор во КЈП „Нискоградба“ Битола.
  18. Решение за разрешување и именување на членови во Уравниот одбор во Дом за стари лица „Сју Рајдер“ Битола.

За разлика од 23. седница на која има 18 точки на 24-та седница на Советот на Општината која е закажана со почеток во 15,oo часот, има предложено само една точка на дневниот ред:

-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општината Битола за 2018 година.

More from ВестиMore posts in Вести »