Press "Enter" to skip to content

Меѓународна соработка за поголема толеранција и хуманост

Во пресрет на Меѓународниот Ден на толеранција 2018, Претседателката на Хуманитарната организација International Inner Wheel, Хрис Кирби  и претставници од Inner Wheel District 255 Macedonia и неговите клубови од Скопје и Битола, денес ја посетија Општина Битола, каде разговараа со градоначалничката Наташа Петровска.

На средбата, беше разговарано за програмата на организација која постои од 1924 година со над 108.000 членови во 3.895 клубови во повеќе од 104 земји во светот.

Дистриктот 255 во Македонија, основан е во 2015 година и има реализирано бројни хуманитарни акции и акции за подигнување на свеста за општествено и хумано делување, а втора година по ред, истиот со дводневни активности, се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранција.

More from ВестиMore posts in Вести »