Press "Enter" to skip to content

Прва годинашна, зимска разгледница од Пелистер (фотогалерија)

Членовите на планинарскиот спортски клуб Копанки од Битола денес одржаа марш во должина од 30-тина километри, кој го започнаа од Ниже поле, преку Дебел Рид до Големо Езеро, па од таму до Орлови Бари, па на врвовите Муза, Скркови, Неолица се до село Лавци каде беше крајната одредница.
Според нивните зборови температурата во текот на целиот ден на Баба Планина била минусна околу -6, -7 степени целзиусови, а имало и мали врнежи од снег кои како одминувал денот се зголемувале, а видливоста била намалена.
Реките биле на Пелистер повеќето се веќе замрзнати на површината, а Големо Езеро се уште не е замрзнато, а додаваат дека нивото на водата е намалена.
Како денес беше на Баба Планина, како велат планинарите, ова е почеток на зимските подготовки за планинарските експедиции кои ги очекуваат оваа зима, а првиот зимски ден оваа година низ фоторафиите на претседателот на ПСК Копанки, Даниело Божиновски, кои дел од нов ви ги пренесуваме.
More from БитолаMore posts in Битола »