Press "Enter" to skip to content

На “Партизанска“ повредени двајца пешаци со “опел корса“

На 16.11.2018 година околу 20:50 часот во Битола на крстосницата од улица „Партизанска“ и крак од улица „Партизанска“ 35 годишно лице од село Новаци управувајќи патничко моторно возило „Опел Корса“ со битолски регистарски ознаки удрил во пешаци, едниот  73 години а другото лице на возраст од 71 година од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двете лица.  

На повредените им била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола, по што се задржани на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот, информираат од МВР.