Press "Enter" to skip to content

Тркалезна маса на тема „Ајде да зборуваме за психологијата и психотерапијата“

Македонско научно друштво-Битола и Анима центар за личен развој, едукација и психотерапија-Скопје одржаа тркалезна маса на тема „Ајде да зборуваме за психологијата и психотерапијата“, со што го најавија почетокот на меѓусебна долгорочна соработка.

Пред студентите, наставниот кадар и гости на меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Битола, говореа основачот на Анима-Центар од Скопје, Вера Димовска, психолог и гештал терапевт и професорите Марија Котевска Димовска и Сашо Кочанковски, членови на МНД-Битола, кои учесниците на едукативниот настан ги потсетија на основите и основачите на психологијата, улогата на психологот во различна професионална работна средина, а беа презентирани и научни истражувања со компаративни анализи за состојби во државата и странство од сферата на психологијата и психотерапријата.

Претседателот на МНД-Битола, вон. проф. д-р Марјан Танушевски и основачот на Анима центар за личен развој, едукација и психотерапија-Скопје, Вера Димовска, во рамки на промотивниот настан потпишаа Меморандум за научна, образовна, техничка и апликативна соработка, фокусирана на научно истражувачки проекти, консултации и експертизи, организација на стручни дебати, работилници и обуки.

More from ВестиMore posts in Вести »