Press "Enter" to skip to content

Работилници за семејни насилство во три основни училишта

Kомисијата за еднакви можности во Општина Битола, согласно Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство која нашата држава ја ратификуваше минатата година, спроведува низа активности во соработка со Здруженијата на граѓани во нашиот град кои работат на оваа проблематика.

Една од целите на овие активности е да се придонесе кон јакнење на соработката за подобрување на превенцијата и заштитата од  сите форми на родово базирано насилство.

Во основните училишта „Тодор Ангелевски“, „Гоце Дечев“ и „Елпида Караманди“, се одржаа работилници, на кои беше промовирана Истанбулската конвенција.На работилницата која беше одржана во ОУ „Тодор Ангелевски“ имаше и презентација на студија на случај на семејно насилство  низ дискусија за тоа што е семејно насилство, кои се неговите карактеристики и како да се постапи во случај на насилство присутните се запознаа што носи Истанбулската конвенција како обврска за нашата држава во справувањето со овој проблем.

На работилницата која се одржа во ОУ „Гоце Делчев“ присутните се запознаа со карактеристиките на семејното насилство, како треба да се постапи доколку имаме сознанија за жртви на семејно насилство и што Истамбулската конвенција донесува како обврска за нашата држава во справувањето со овој проблем.

На работилницата во ОУ „Елпида Караманди“ се зборуваше како да се постапи и каде треба да се пријави доколку имаме сознанија за семејно насилство.

More from ВестиMore posts in Вести »