Press "Enter" to skip to content

Гордана Цветковска -Бошевска, на Арабско-европскиот форум во Катар (фото)

Меѓу неколкумината преставници на Европа, беше и нашата сограѓанка Гордана Цветковска  – Бошевска, на Арабско-европскиот младински форум на здруженијата за цивилизациите за Европа, Азија и Африка.Оваа обука се одржа од 16 до 21 ноември во градот Доха, Катар, а за тоа кој беа учесници Цветковска-Бошевска по враќањето ни рече:

-Во Доха , Катар се одржа обука за младинско учество и родова еднаквост во спортот како и арабско-европски младински форум за здружение на цивилизациите  за претставници на локалните самоуправи, министрствата , невладини организации и високи претставници од трите континенти: Азија , Европа и Африка. Оваа обука беше во организација на Совет на Европа и Лигата на Арабските држави во соработка со Министерството за спорт и култура на Катар.За тоа што значи да се биде дел од оваа обука во земја како Катар, како дел од мала екипа од Европа, таа вели:

-Сигорно е голема чест да се биде дел од оваа обука на одбрани членови од три континенти, а јас како повеќегодишен соработник со Совет на Европа како и активист на во спортот и младите сум вработена во општинската администрација. Целта на оваа нова соработка со Лигата на Арапските држави е да им се овозможи на учесниците на обуката од овие континенти да развиваат и имплементираат младинска работа или практики на младинска политика кои ги поддржуваат значајните форми на учество на младите и родовата еднаквост во контекст на евро-арабскиот интеркултурен дијалог.По успешно завршената обука во Доха, Гордана Цветковска Бошевска  доби Сертификат кој што го лично и го врачи  Министерот за култура и спорт на Катар.