Битолското музичко трио “Интерарт“, составено од Емилија Ристевска-Стефановски – флејта, Татјана Божиновска – клавир и Александар Стефановски – флејта, викендов одржа два концерти на престичниот музички фестивал за класична музика, во градот Валета, Малта.
Емилија Ристевска-Стефановски за настапот во Малта, вели:-Ова е наше прво гостување во Малта на престичниот музички фестивал насловен како “Mediterranean Events“. Имавме одличен концерт на кој изведовме музика од F. Doppler, A. Firstenau, J. M. Damase. F. Kuhlau, Moscheles, G. F. Telemann, F. Benda, W. A. Mozart, J. B. Loeillet, C. P. E. Bach, F. W. Riedt, M.Amlin, G.Faure… што наиде на одличен прием кај публиката. Задоволни сме од гостувањето, од изведбата…
По ова гостување во Малта, за брзо време триото “Интерарт“ ќе има ново гостување во Холандија.Инаку, триото “Интерарт“ во овој состав настапува повеќе години, а имаат настапи во САД – Њу Јорк каде го промовираа и своето прво це-де, потоа во Германија, Италија, Холандија, а имаат концерти во Македонија.