Press "Enter" to skip to content

Националниот парк “Пелистер“ прослави 70 години од основањето (фотогалерија)

Во хотелот „Молика“ денес се одржа свеченост по повод 70 годишнината на Националниот парк “Пелистер“, најстариот национален парк на просторите на поранешната држава Југославија, основан во далечната 1948 година. На одбележувањето на овој значаен јубилен не само за националниот парк, Битола, регионот и државата присуствуваа голем број на гости, градоначалниците на Битола и Ресен, претставници на локалната и локалната власт, политичари, научни работници, ренџери, планинари и други.Обраќање по повод големиот јубилеј 70 години од основањето пригоден говор и реферат за националниот парк одржа директорот Амет Аџиу, кој го нагласи значењето на “Пелистер“ за регионот и државата.  Велејќи дека му е особена чест и задоволство што е на чело на оваа национална установа на првиот Национален парк во Република Македонија, Националнот парк Пелистер, рече:-Карактеристиките на националниот парк се познати на јавноста, има вкупна површина од 17.150 ха, a го опфаќа врвот Пелистер и се протега на падините на Баба Планина и како таков е прво заштитено природно богатство во Македонија. Повторно е прогласен за национален парк во 2007 година при што неговата првична површина од 12.500 ха е зголемена на сегашните 17.150 ха, рече Аџиу.Тој се осврна и активностите кои сега се тек за подобро уредување на паркот и за новите технички средства кои се набавени за подобра комуникација со посетителите и службите, како и за новите планови за развој на националниот парк.Пред присутните, градоначалничката Наташа Петровска истакна дека му е драго што е тука на одбележувањето на значајна годишнина и дека овде, во непосредна близина на Битола, има вистинско богатство.-Распределен низ бајковитата Баба Планина, со разноврсна флора и фауна, Националниот парк Пелистер во себе крие невидена убавина. Повозрасните битолчани се сеќаваат како ентузијастички се правеле првите објекти, жичарницата, на Лазо вилата, Хотелот Молика… таа љубов кон планината се пренесувала и се пренесува од колено на колено.  Така и сега, речиси секој викенд може да се видат семејства како пешачат по планинските патеки, одејќи кон Копанки, Широка, Јоргов Камен, похрабрите и до Црвени стени, Големото и Мало Езеро, рече Петровска.Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски потенцираше дека Преспа го има НП “Пелистер“ како богатство, кое уште повеќе треба да го промовира овој регион, а се надева дека двете општини на кои гравитира овој национален парк треба да го чуваат и да се грижат за него и да биде пример за другите општини.Пред присутните се обрати и претставник од Министерството за животна средина, кој ја посочи важноста на НП “Пелистер“ за Македонија, а беа презентирани и два труда за националниот парк.На крајот, од страна на НП Пелистер беа доделени посебни плакети и благодарници за градоначалнииците на Битола и Ресен, соработниците и вљубениците во овој национален парк, како и на вработени кои оваа година заминаа во пензија.

Текст и фото: С.Ристевски

 

More from ВестиMore posts in Вести »