Press "Enter" to skip to content

ЛК “Кабадаја“ со дефиле по Широк Сокак го одбележа Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет (фотогалерија)

Традиционално, како и секоја година на 3. декември Лајонс клубот “Кабадаја“ го одбележа Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет со низа активности.Голем број на деца од основните и средните училишта од Битола како и децата штитеници на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“ Битола најпрво имаа свое Дефиле низ Широк Сокак.-Ова дефиле по Широк Сокак, сакавме да биде, како и секоја година своевиден апел дека лицата со инвалидитет треба да се прифатат како рамноправни членови на заедницата и испратија балони во воздух со свои пораки против дискриминација, ни рече Наташа Грамосли, дел од организацијата на овој настан и член на Лајонс клубот “Кабадаја“ од Битола.Потоа сите учесници застанаа на крстосницата пред хотелот “Епинал“ каде симболчно беа пуштени во воздук од страна на учесниците на дефилето стотици балони кон небото.По дефилето и пуштањето на балоните во Центарот за култура за учесниците имаше организирана и добра забава на која настапија: децата од ДСУ за рехабилитација и образование “Св. Наум Охридски“ – Скопје, дисперзирани паралелки во Битола, со песна од Даниел Кајмаковски; децата од „Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот Кочо Рацин“ – Битола, со ритмичко балетска точка „Baby Shark“; Студиото за танц Еxpose; како и секогас забавните “Brass Brothers“.-Лајонс клубот “Кабадаја“ им се заблагодарува на сите пријатели со големо срце кои го овозможија овој настан, на МВР Битола за безбедноста, на НУ Центар за култура-Битола, МИГ “Травел“, “Brass Brothers“, и сите наставници и ученици од основните и средни училишта кои со добра волја се вклучија во овој настан, додаде Наташа Грамосли.

More from БитолаMore posts in Битола »