Press "Enter" to skip to content

Регионалната комора иницираше средба на битолските стопанственици со директорката на УЈП (фотогалерија)

Денесе во хотелот “Еинал“ во Битола, Регионалната комора со седиште во Битола и битолските стопанственици остварија средба со претставници на Управа за јавни приходи на Република Македонија на чело со директорката на УЈП, Сања Лукаревска.На работниот состанок пред голем број стопанственици од битолскиот регион, во име на Регионалната комора со седиште во Битола и стопанството од регионот присутните гости ги поздрави претседателот на регионалната комора, Мирко Велковски.Тој го истакна задоволството и значењето од овој вид на средби, во градење на еден поблизок и партнерски однос меѓу бизнисот и државните институции. Присутните гости ги информираше за моменталните економски текови, проблеми, предизвици и капацитети во пелагониско-преспанскиот регион, како и идните планови за развој.Директорката на УЈП,  Сања Лукаревска, им се обрати на присутните и им се заблагодари на на поканата и иницијативата од комората за отворена дискусија со бизнис-секоторот од аспектите на даночната сфера. Посебен осврт пред се даде на новиот предлог закон за личен доход, за кој истакна дека УЈП е комплетно подготвена за негова примена, потоа предлог законот за регистрација на готовинските плаќања, тековната регистрација во Е-ПДД системот, осврт кон ефектите на законот за финансиска дисциплина и потребата од носење на ново законско решение.Тимот на УЈП исто така во детали на присутните им ги претстави и конкретните измени и проектирани влијанија на примената на новиот закон за прогресивно оданочување и законските олеснувања при донации и спонзорства за активности од јавен интерес и унапредување на спортот во државата.Во текот на отворената дискусија со стопанствениците се отворија повеќе теми за актуелни состојби во стопанството во регионот, предизвици во даночната сфераи прашања со кои се соочуваат стопанствениците од даночен аспект.Регионалната комора со седиште во Битола и во иднина ќе излегува во пресрет на стопанството во регионот со организирање на ваков вид на настани со што би допринеле до навремено и точно информирање на компаниите за сите нови законски решенија.

More from ВестиMore posts in Вести »