Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски за денес ја закажа 25. седница на Советот.
Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на Општината, како точки на дневен ред се закажани:
- Одлука за пренамена на средства во Буџетот на Општина Битола за 2018 г.
- Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште на Министерство за правда-Управа за извршување на санкциите-КПУ Затвор Битола.
- Одлука за прифаќање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Владата на РМ од страна на Општината Битола за потребите на СОУ „Таки Даскало“ Битола.
- Одлука за прифаќање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Владата на РМ од страна на Општина Битола за потребите на ОУ „Коле Канински“ Битола.






