Предлогот на независната советничка група “Поинаку“ да се побара и Битола да добие субвенционирана цена на струјата, поради загадувањето што го трпи од комбинатот РЕК “Битола“ кој е во близина на градот, беше едногласно прифатен од сите советници во Советот на Општина.
Според овој усвое предлог Владата се бара од Владата, тоа да се разгледа на првата следна власина седница.
-Ова го бараме зашто во наша близина е еден од најголемите загадувачи РЕК “Битола“ кој обезбедува 75 проценти од струјата во Македонија. Бројот на заболени од малигни неоплазми или лошото како што се нарекува е во постојан пораст во Битола, рече Иван Чолаковски од “Поинаку“, како мерка за градот да се заштити од загадувањето, преку начинот на загревање на домовите и јавните институции.
Претседателот на Советот, Валентин Груевски, за овој едногласен заклучок на Советот, дека треба Владата на РМ, на првата седница да ги разгледа сите можности за добивање субвенционирана струја за граѓаните на Општина Битола.






