Press "Enter" to skip to content

СВР Битола го одбележа 9. декември “Денот на превенцијата во полицијата“ (фото)

Секторот за внатрешни работи Битола, традиционално како и секоја година така и оваа го одбележа 9. декември “Денот на превенцијата во полицијата“, со таа разлика што сега оваа 2018 година беше љубилејна односно десетгодишнина од формирањето на превенцијата, односно од промовирањето на првите инспектори по превенција.

-Самиот збор превенција ни кажува заштита предвреме од сите непотребни влијанија. Овие 10 години имаме перманентно намалување како од тешките кражби така и во сообраќајните незгоди. Целта како превенција е луѓето неправилно да не се однесување кон општеството и дека за тоа ќе си одговараат пред законот. Работиме со помладата популација со укажување на проблеми кои ќе ги следат во животот, рече Сашо Гилевски, началник на превенција при СВР Битола. Најпосетено беше утрово во Полициската станица од страна на дечињата од предшколска и школска возраст каде им се испрезентира опремата и возилата со кои располага станицата.

Подоцна се одржа и трибина на тема ”Улогата на Превенцијата во Министерството и заедницата”, каде имаше покането гости од невладиниот сектор и образованието и секако претставници на полицијата при Секторот за внатрешни работи Битола.

-Оваа година ни е јубилејна. Ќе го одбележиме со повеќе активности. Имавме посета од најмалите кои што се најљубопитни . Децата од претшколска возраст, децата од градинките и учениците ги запознавме со опремата и возилата со кои што располага СВР Битола, а за прв пат имаме трибина организирана од одсекот за превенција, рече Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »