Во генералниот конзулат на Р. Бугарија во Битола, градоначалниците на општина Новаци Љубе Кузманоски и градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска и генералниот конзул на Република Бугарија во Битола, Димитар Иванов потпишаа договор за доделување на неповратна финансиска помош на општините Новаци и Могила врз основа на политиката на Р.Бугарија за учество во меѓународната соработка за развој.
Финансиската помош се доделува за реконструкција на покрив и спортска сала за подрачното училиште во село Бач во општина Новаци и реконструкција на две подрачни училишта во селата Радобор и Долно Чарлија во Општина Могила.
-Соработката со Р. Бугарија преку Генералниот конзулат на Р. Бугарија во Битола дава позитивни придобивки. Оваа финансиска помош позитивно ќе се рефлектира во подобрување на училишната средина и условите во неа. Со реконструкцијата на подрачното училиште во село Бач ќе ги подобриме условите за настава, со што би обезбедиле поквалитетен, поефикасен образовен процес, рече градоначалникот Кузманоски.

Бугарија ќе реновира училишта во селата Бач, Радобор и Долно Чарлија
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: битолчанка физички нападната од сопругот со кого се разведувала
- „Жени во кинематографијата“ на фестивалот „Браќа Манаки“: Менталното здравје, границите и конфликтите во фокусот на WIC панелот
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола





