Press "Enter" to skip to content

Најстарото средно училиште во Битола, Земјоделско, добива нов лик (фото)

Деновиве се работи на  најзначаен реконструктивен проект во училиштето за препокривање и санација на покривот, донација од АД “МЕПСО“, а за два месеци училиштето ќе има и нова дограма.Средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ – Битола е училиште со 110 годишна традиција, но за жал подолг период оваа училиште беше маргинализирано и не беа направени никакви вложувања и реконструкции.

Но, од пред една година со доаѓањето на функција в.д. директорот Благојче Кривевски, многу работи се променија на подобро. Неговата мотивираност и добриот сплет помеѓу желбите, аспирациите и способноста за подигнување на квалитетот на наствата и реконструкција на училиштето  беа доволни да се направат многу клучни реновирања во самото училиште, за кои тој вели:-Во моментов како најзначаен реконструктивен проект во училиштето е изведување на градежно-занаетчиски работи за препокривање и санација на кровот. Средствата беа обезбедени од АД МЕПСО, а овој проект е најзначаен за нас бидејќи долги години покривот беше целосно оштетен, а влагата од водата која доаѓаше, во некои училници беше толку голема што зидовите имаа зелена боја. Сега, со новиот покрив, не само што сето тоа е санирано, туку можебе да преземаме и други чекори кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на наставата и амбиентот во кој ќе престојуваат учениците.

Како многу важен иден проект, Кривевски го посочува и наредниот со кој ќе биде променета дограмата во Земјоделското училиште.-Нареден проект, многу битен за нас, кој е во завршна административна фаза и се очекува да заврши до крајот на јануари 2019год, е промена на сите прозори и главната влезна врата, средства во висина од 20.000 евра добиени од USAID Македонија, вели в.д. директорот Благојче Кривевски, и додава:

-Планирани се и ќе следат уште многу проекти  се со цел исполнување на визијата на училиштето на СОЗУ „Кузман Шапкарев, училиштето да биде здрава и безбедна средина во која секој може да научи, да ги развива своите индивидуални перформанси и да стекне знаења и вештини кои успешно ќе ги применува во општествената заедница.Претходно во изминатиот период беа обезбедени средства за реконструкција на санитарниот јазол предвиден за наставниот кадар и истото беше направено во февруари 2018 оваа година. Потоа воп текот на годината тековно беа реконструирани и  бојадисувани училниците и беа поставени “флип-чарт“ табли. Во повеќето училници ако претходно постоеше, додатно беше монтирано парно затоплување пред започнувањето на грајната сезона

Инаку, во склоп на СОЗУ “Кузман Шапкарев“ во Битола успешно се изучуваат смеровите ветеринарен техничар, техничар за ангроменаџмент, фармерски техничар и техничар по хортикултура.

More from ВестиMore posts in Вести »