Press "Enter" to skip to content

Трет мотивациски семинар под наслов „ДА, ТИ МОЖЕШ“ во библиотеката

Драги наши, имаме убава вест за вас!

На наше огромно задоволство ја завршуваме оваа година со трет мотивациски семинар под наслов „ДА, ТИ МОЖЕШ“!

Настанот е  во организација на НУ Универзитетската Библиотека “Св. Климент Охридски” – Битола во соработка со Универзитетското радио УКЛО ФМ и емисијата за личен развој „Лабораторија на идеи“.

Настанот ќе се одржи на 13 декември (четврток) со почеток од 18:00 до 19:30 часот во просториите на НУ Унивирзитетската Библиотека „Св. Климент Охридски‟ – Битола.

Декември е месец на подготовки за годината што ни претстои. Размислуваме за нашите успеси и неуспеси, за тоа што сме оствариле, а што не. Можеби некои од нас сме застанале на позицијата статус кво, можеби сме депресивни, разочарани, без самодоверба, без интерес и сила да го промениме нашиот живот. Некои од нас можеби со несигурност ги чуваат своите идеи, желби и мечти во себе, а она што е потребно е потпалување на жарот за успех.

Сите ние ја носиме причината за својата несреќа или блаженство, пекол или рај. Што и да ни се случува, ни се случува поради нас. Надворешните причини се секундарни, внатрешните причини се примарни. Сè додека не го разбереме ова внатрешната трансформација е невозможна. Причините се внатре, надворешните се само изговори, а зошто да живееме во сопственото ропство, нели? Можеме да ја промениме целата надворешна средина, но ништо нема да се промени ако внатрешниот свет остане ист.  Внатрешните структури ќе создадат ист вид модел одново и одново, бидејќи човекот живее однатре кон надвор.

Треба да разбереме дека сè зависи од нас. Да разбереме, бидејќи нашата трансформација зависи од тоа.

Приклучете се и бидете дел од овој новогодишен мотивациски семинар. Заедно ќе ја споделиме радоста дека ни доаѓа нова, успешна и бериќетна година во која ние ќе бидеме свесни дека авторот на нашата среќа сме само ние, година во која сме подготвени да ги земеме работите во свои раце и да ги подредиме приоритетите на начин што ќе ни ја донесе најубавата година до сега.

Говорници на семинарот се:

– Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ е уредник и водител на емисијата за личен развој „Лабораторија на идеи“ што се емитува на Универзитетското радио УКЛО ФМ од 2011 година. Таа е новинар, телевизиски и радио водител, а своето образование го надоградува во полето на управување и  развој на човечки ресурси. Како писателка, нејзината креативна енергија ја преточува во поетски и прозни дела.

– Филип Ивановски е Директор на главното претставништво во Македонија за светската компанија за убавина и здравје tianDe, која успешно работи на нашиот пазар веќе 5 години. Високото образование како правник, го завршил со Мастер студии на Американ колеџ, активно се занимава со извидништво и е лиценциран туристички водич со А лиценца. Неговиот живот е вистински пример за непресушен маратон од активности.

“Убаво е чувството кога помагаме на луѓето да си ги остварат своите цели, притоа ние стануваме се поуспешни. Во мојата работа задачата која си ја поставуваме е да ги мотивираме луѓето и да го извадиме најдоброто од нив, затоа што во секој човек има нешто кое е посебно и по кое се разликува од другите.

Шансата секој ден да научам нешто ново, интригира и секогаш не држи будни, зошто само така може да се напредува.

Сите имаме шанса да го постигнеме тоа, како што имаш шанса и ТИ, да ТИ кој во моментот го читаш овој текст, само треба да постои желба.

Дозволете да ви ја разбудиме мотивацијата и инспирацијата се со цел да го трансформирате својот  живот.

Информирајте се на време и обезбедете си место. Влезот е СЛОБОДЕН.

More from БитолаMore posts in Битола »