Press "Enter" to skip to content

Отворена градинката “Пролет 1“ во Кравари за 40 дечиња со целодневен престој (фото)

Министерката за труд и социјала Мила Царовска со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска заедно со  дечињата од градинката свечено ја отворија детската градинка во село Кравари.Оваа новоизградена градинка има простор за згрижување на 40 дечиња, а комплетно е уредан според стандардите за објекти за оваа намена.

-Денес не е обична сабота, туку сабота во која што имаме проширување на капацитетот на градинките „Естреја Овадија Мара“. Четириесет дечиња ќе бидат сместени во овој објект, со што ќе се овозможи оние деца кои што од оваа населба доаѓаа во градските градинки, да можат да бидат сместени во своето место на живеење. Од друга страна пак, се ослободува простор во градинките во кои досега престојувале и на тој начин се овоможува да имаме поголем опфат на дечиња во градинките во нашата општина. Но она што сакам да го најавам е дека со оние милион денари кои што ги одвои Општина Битола за доопремување на три занимални, процесот е во завршна фаза и наскоро и тие ќе бидат ставени во функција, така што за една година имаме сериозна бројка на опрат на деца во градинките, што беше и наша заложба пред изборите, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.-Отворивме нова градинка „Пролет 1“ во битолско, со простор за згрижување за 40 дечиња. Обезбедени се потребните вработувања и објектот е целосно опремен. Ова е една од 13 градинки и адаптирани простори кои ќе профункционираат до крајот на годинава. Инвестираме повеќе пари во детската заштита и подобрување на условите за згрижување на деца од предучилишна возраст, а во овој процес посветуваме особено внимание на руралните средини кои со години беа запоставувани. Буџетот за проширување на капацитетите на градинките за следната година го зголемивме за 300%. Со овие средства ќе ги изградиме првите големи градинки во Македонија за последните две децении. Паралелно, го менуваме начинот на кој државата се грижи за децата, поставуваме нови стандарди и го подобруваме квалитетот на предучилишното образование“, рече Министерката за труд и социјала Мила Царовска.Дечињата од детската градинка “Пролет“ по повод отворањето на градинката одржаа мала приредба пред присутните.

Објектот „Пролет 1“  е дел од ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, има површина од над 200 м2, со двор од 500 м2 има капацитет за згрижување на 40 деца од 2 до 6 годишна возраст, со целодневен престој.

Во адаптацијата на просторот за новата градинка во Кравари помогнаа и битолските јавни претпријатија „Нискоградба“ и „Комуналец“, а посебно за градинката целосната ограда во различни бои и апликации од детските анимирани ликови, ја изработија вработените во ФОД Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »