Press "Enter" to skip to content

Победа на Еурофарм Работник за лидер на есенскиот дел без пораз

Еурофарм Работник – Бутел Скопје 28:22 (12:9)

Со натпреварот во спортската сала “Боро Чурлевски“ помеѓу екипите на Еурофарм Работник – Бутел Скопје официјално заврши есенскиот дел од ракометната Супер лига. 

Победата над екипата на Бутел во Битола е крај на најдобрата полусезона на Еурофарм Работник од основањето каде се лидери на табелата без пораз со обезбедена европкска пролет како учесници во групната фаза од ЕХФ куповите.

Екипата на Бутел се обиде, но не дојде до изненадување против лидерот па така оваа победа е 13 по ред за “фармацевтите“.

На стартот на првото полувреме Еурофарм Работник направи разлика од 5:1, а потоа “бутелци“ намалија и на полувреме заминаа со пристојни -3 (12:9).

Второто полувреме беше комплетно во знак на Еурофарм Работник, а ја двојно ја зголемија разликата на крајот +6 (28:22).

Најефикасен во редовите на Еурофарм Работник беше Филип Кузмановски со постигнати десет гола.

More from БитолаMore posts in Битола »