Press "Enter" to skip to content

Горан Милевски реизбран за претседател на ЛДП

Битолчанецот Горан Милевски на денешното седмо по ред изборно собрание, повторно беше избран за претседател на партијата.Од вкупно 339 присутни делегати, за претседател на тајното гласање за Милевски гласаа 335 делегати.

-Оваа голема доверба што ми ја укажаа делегатите ме обврзува да работам со уште поголема енергија и мотив, да се бориме заедно за либералните вредности и идеали, рече Милевски по изборот за претсесател на ЛДП.Милевски беше во трка за избор на претседател на ЛДП заедно до противкандидатите Никица Корубин и Мирко Спирковски.

Милевски е актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, а во својата политичка кариера бил претседател на битолскиот одбор на ЛДП, а беше и советник во Советот на општина Битола.

 

More from БитолаMore posts in Битола »